Фјодор Михајлович Достоевски (руски: Фёдор Михайлович Достоевский; 11 ноември 1821 – 9 февруари 1881) — руски писател, една од главните ликови во руската книжевност. Достоевски е централна личност на книжевниот реализам во 19
век, и тоа не само можеби во Русија.Едно од
неговите најпознати дела „Злосторство и казна“ било напишано во рекордно кратко време и брзо објавено, за
да може да ги исплати своите долгови, а кога ги исплатил, тој повторно останал
без пари. Во исто време, Достоевски ја напишал и книгата „Коцкар“ за да го исполни договорот со своите издавачи.Последниот
роман на Достоевски е „Браќа Карамазови“, објавен во продолженија, во списанието „Руски весник“, во
текот на 1879 и 1880 година.